40 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА КВАЛИТЕТ ВЕРНОСТ |
Од 1984 до денес – приказна за успех и визија
Толакс Групација е водечки дистрибутер и малопродажен оператор на премиум производи во Македонија, со фокус на иновации, квалитет и уникатно корисничко искуство. Како компанија со повеќегодишно искуство, Толакс успешно ги спојува светските трендови со локалната достапност, поставувајќи нови стандарди во малопродажната понуда.
Преку нашиот најпознат бренд — М1 Киоск — изградивме силна мрежа на над 20 модерни, елегантно уредени продажни локации низ Скопје. Нашата специјалност се премиум алкохолни пијалаци, ексклузивни слатки, трендовски TikTok производи, кафе, печатени медиуми и уникатни подароци. Веруваме во спојот на луксуз и практичност, достапни за секого, во секое време.
Нашата визија
Да бидеме препознатлив бренд кој поставува трендови, инспирира доверба и нуди врвно искуство за современиот потрошувач.
Нашата Мисија
Да обезбедиме најдоброто од светот — ексклузивни брендови, модерни производи и подароци со стил, достапни веднаш и со одлична услуга.